Wednesday, June 21, 2006

За (не)исплатените хонорари и скршените сништа

Работа = Пари? Тешко..

Да пишуваш шо кур ти дојде на памет, и притоа да не ти цензурираат ништо, во неделен весник, е јако. Немам друг збор, јако е стварно. Нула цензура, слобода на израз, милина. Плус, темата е апсолутно слободна.. шо да посака човек повеќе? Дури и рокот стално го кршев..


Така Вуна кажува како пишувал колумни за Неделно Време. Истото го правеа и Букаро и Би.

Морам да признаам дека одвоив побајаги време денеска и ги почитав колумните на нашите 3 МБЗ wannabe колумнисти, и општиот позадински впечаток ми е дека не сум задоволен. Да, има по некој генијален текст, но колумните оставаат впечаток на некое набилдано блог коментарче. Се приметува неизграденост на стил (со изземање на Букаро :)), диспаритет на последователните мисли, а богами и чисто верглање без да се каже ништо.

Значи, се случува да весникот им раскине верност, и веднаш сето тоа добива пропорции на онa дот-ком меурче од пред некое време. Се пишуваат поплаки, коментари, поддршки, зајадливости. МБЗ живна во една про/анти коментарска војна. Во изминативе неколку дена, има и повеќе тангенти од надворешни сеирџо-блогери. :)

Филип пишува за козата на комшијата, а Панта реи кажува дека:

Некои луѓе упорно забораваат дека клучна работа во случајов, покрај тоа што новата концепција го враќа весникот Време во шините на веќе одамна здосадената политика (иако не треба да одиме НАЗАД), е дека луѓето пишуваа за пари кои не им се исплатени и дека на крајно нецивилизиран начин ја прекинуваат соработката и комуникацијата со нив.


Е мој драг МБЗ колега, Некои луѓе упорно забораваат дека клучна работа во случајов, покрај тоа што нема ништо нецивилизирано во начинот на кој била прекината соработката, е дека луѓето пишуваа без договор каде што пишува до кој датум треба да им се исплатат средствата.

А за оние медиокритети и конформисти, па нели тоа се оние црно-бели печатени будалаштини. Јас мислев дека овој бран на њу медиа треба да биде излез од сето тоа. Донеси ги луѓето онлајн, па нека си ги филтрираат вестите. Вестите, не колумните.

Анти вика:

Пишувањето колумни е специфичен жанр - е и не е новинарство. За да се пишуваат добри колумни не треба само да се биде кабинетски пацов - треба и истражувања од секаков вид. Друга опција е да имаш големо искуство.


Не се слагам. Нема тука две опции, требаат двете нешта заедно. Да, треба да си било каков пацов, не мора кабинетски, може кошаркарски, може археолошки, мора да имаш огромно искуство и да знаеш да пристапиш кој која било идеја аналитички. Еве, земете го овој мој блог за пример. Ќе се забележи дека критички осврт има многу малку. Е зошто? Затоа што јас можам да давам критики за она што го знам, a не на секоја нафрлена тема која ќе ми текне да ја објавам. Од еден успешен колумнист се очекува тој да биде во центарот на нештата кои ги објаснува (било тоа политика, економија, наука, порно-индустрија) и да знае да ги анализира логички тезите кои ќе ги нафрли.

Би во својот пост на револт кажува:


Е па ето имаат нов уредник, и бидејќи нас, блогерите, не сметаат за нешто безначајно, нешто како деца што играат во играчница иако цел свет има сосем поинаков однос, не отпуштија. Но не навлегувам во тоа, пишав еднаш колку нашите новинари се информатички неписмени, а очигледно воопшто не ги следат трендовите во светот.


Точно е дека не ги следат трендовите. Кога може Лондоски Гардиан на својата втора страна да дава пресек на скорешните блогови на UK-тангирачки теми, зошто не би можел и некој квазивесник од типот на оние кои се публикуваат кај нас. Но таму, не се викаат блогери да пишуваат колумни, туку се вметнуваат извадоци од она што веќе било публикувано онлајн.

Најубав одговор, а богами и сублимат на овие мои 10мин. пишување дава Дарко кога кажува дека "Едноставно блогер и колумнист не може заедно". Сосема точно.

Место крај. Изразувам поддршка за засегнатите блогери и жалење што целава оваа епизода се случи. Нека ви послужи како уште едно искуство кое ќе ве направи посилни.
Се надевам дека ќе ве читам во блог ќошето на некој наш дневен весник многу скоро. А до тогаш, имате во мене верен онлајн читател.

11 comments:

.аНТИ said...

Друже, одличен пресек си дал на работиве, имам мали забелешки, ама горе долу и ја се потпишувам под текстов.

GoodBytes said...

Знаеш зошто напишав дека нецивилизирано прекинале комуникација со нив? Кај Би можеш да прочиташ дека и' пратиле порака дека прекинуваат, а потоа не се ни потрудиле да комуницираат со неа, иако таа им праќа реплика на пораката.

Деловната култура налага да се расчистат прашањата на твоите соработници.

На пример, сосем коректно ќе беше да вратат една кратка порака од типот: „ќе ги добиете парите до крај на следната недела“.

Знаеш, тоа ме потсети на класичната приказна на луѓе борчлии кои ги игнорираат луѓето на кои им борчат, а тоа, мораш да признаеш, многу често се случува и говори за ниска деловна култура.

Јас едноставно не сакав да го алиментирам тој момент, преќутувајќи го.

Anonymous said...

по овој повод не бев нешто бунтовна, имам многу работа, накратко само се изјаснив, ама еве каде стигнам се потпишувам. нормално за...

поздрав :)

Anonymous said...

Ne e li malce licemerno sega toa sto mnogu od blogerite koi se borat za avtorski prava go podrzuvaa "Templum" koga ne plakjase honorari na umetnici?

Darko156 said...

Виктор, ок слободно што си го интерпретирал насловот на мојот пост посветен на оваа тема, но тоа не е мојот став туку тоа е констатација која ја извлеков од постапките на нападнатите страни.

Shepard said...

друже, све, све, само wannabe.. некако пакосно делува..

Unknown said...

Beauty is in the eye of the beholder. Или што ќе рече, секој со мувата и капата. :) Немаше никаква малициозност во мојот текст. Само пар забелешки позади кои сеуште стојам.

Shepard said...

@енко: за пацов, пацов си :)

@виктор: the beaty is in the eye of the beerholder. мојот краен впечаток е дека тоа wannabe (и вон контекст, ама во контекст на текстов уште повеќе), е, ај не малициозно, ама некако ко „слон у порцеланска радња“.

како да ти кажам, го мења целиот текст, поентата, намерата, и бар мене ми боде очи, кога се обидувам да го сварам објективно, колку и да се обидувам. а сметам, дека, колку и да е упатен кон публиката, толку е и кон мене, пошто и си ме цитирал, и си ме линкал (мање више дали озбилно или иронично).

инаку, за повеќето работи си во право, пак ќе кажам.

Shepard said...

башка што, и мислата на дарко е во друг смисол кажана. и не глеам ја инкомпатибилност меѓу блогер и колумнист.

Unknown said...

Текстот кој го линкав стварно мислам дека е феноменален, исто така мислам дека не си ти за пишување колумни, а за wannabe, и јас сум wannabe колумнист, ама ете навистина немам врска од пишување колумни. Едноставно, како што пишува во текстот, треба многу искуство и инволвираност во некоја тема за да пишеш асален текст кој некој би сакал да го чита. Види го последниот текст на Ивица за да видиш што е издржана колумна.

Shepard said...

во ред е, не се навредив јас па сега да му придаваме бенигност на тоа wannabe, само ти кажав, мене бар ми боде очи.

поздрав и секое добро.