Tuesday, April 01, 2008

Томас Малтуз и средната класа.

Интересно, во рок од недела дена, три high-profile публикации решија да пишуваат на тема која го спомнува Томас Малтуз и ги разгледува неговите идеи во рамки на сегашните случувања.

Прво, Foreign Policy пишува за тоа дали светот може да си дозволи средна класа, и како со економскиот бум во BRIC земјите се зголемува потрошувачката на природни ресурси, што неминовно доведува до глобален раст на цените.

The impact of a fast-growing middle class will soon be felt in the price of other resources. After all, members of the middle class not only consume more meat and grains, but they also buy more clothes, refrigerators, toys, medicines, and, eventually, cars and homes.


Понатаму, The Economist пишува за тоа како Кина ги предводи земјите кои влијаат на овие текови. Фактот дека Кина е увозник на половина од светскиот цемент и третина од светскиот челик, додека задржува огромна стапка на економски пораст, е главниот причинител за порастот на цените на овие ресурси.

Name almost any mineral, and mining firms and investment banks can produce charts depicting how Chinese demand has doubled or tripled since the beginning of this decade. Last year China's copper imports surged by 80%.


За крај, Wall Street Journal дава поглобална слика на влијанието на популацијата врз распределбата на ресурсите, т.е. дали г-динот. Малтуз можеби бил во право. Томас Малтуз во неговата книга Есеј на принципите на популацијата кажува дека додека искористувањето на ресурсите расте аритметички, популацијата се зголемува геометриски, предвидувајќи криза која ќе доведе до војни, гладување, своевиден ребаланс на популацијата наспрем ресурсите. Во поновата историја се нема случено такво нешто; како што вели WSJ: „Секогаш имало нови ресурси за откривање, нови технологии кои го движеле растот“. Но:

In years past, the U.S., Europe and Japan have proven adept at adjusting to resource constraints. But history is littered with examples of societies believed to have suffered Malthusian crises: the Mayans of Central America, the Anasazi of the U.S. Southwest, and the people of Easter Island.


Останува впечатокот дека годините кои следат ќе бидат навистина интересни, Европа и САД ќе се тепаат за одржување на растот, BRIC-овите ќе растат и ќе ја освојуваат Африка во потрага по нејзините богатства.