Wednesday, April 04, 2012

Касиерка


„42 денари.„


На пултот имаше едно мало плаво чоколатце, од оние со крема обложени со тенка чоколадна обвивка, за која можеше да се обложи дека секоја година станува потенка и потенка. Тоа, и една кока кола. Лајт, секако. Не си го сакаше пивскиот стомак. Или стомаче. Во демунитив изгледаше помало, како некое бубуљичаво детенце кое евентуално ќе порасне, и сите тие пубертетски мани ќе исчезнат. 


„Дечко, 42 денари.„


Не знаеше дека оние големи моменти во животот доаѓаат кога најмалку ги очекуваш. Ќе те начекаат така збунет, некаде на улица, невини како свински грип, ќе ти рипнат и те менуваат засекогаш. Го нема оној ти од пред неколку моменти. На негово место се наоѓа овој нов човек кој е толку различен од претходниот. 


„Господине, го задржувате редот, имате намера да платите??„


А тој само ја гледаше и се смешкаше. 



No comments: