Во ред. Знам дека горите од желба да дознаете што се се случуваше со мојата напатена душа и уштепонапатен физикус во минатава недела. Во опаѓачко временски редослед тоа би изгледало вака:
Работа:
Си најдов некаква си парт-тајм работа преку интернет, која што инволвира лепење плакати низ кампусов. Лепењето на плакатите не е чисто ради задоволство на ѕидовите, туку и за промовирање на кампањата на JPMorgan кои регрутираат доста луѓе од овдека секоја година. Дури сега сваќам кое најдолно ниво се оние гревчиња кои лепат плакати на секои четири (две) години. :) Мене тек ми е и подобро, на плакатот нема некој полтронски-насмеан квази-политичар, ами малце букви и малце зелено, што ќе рече пријатно за очи.
Викендов бев во Велс на планина, во националниот парк Сноудониа. Сликички од вашиот драг можете да најдете тука. (Посебно запазете ја таа во центарот :)) Она што јас го научув од патувањето е тоа дека во Велс има повеќе овци отколку луѓе и сите оние англиски шеги на сметка на кутрите ветеринарно настроени велшани се на место. Значи, нив ги бие глас дека многу сакаат да копулираат со нивните им мили овчички што води до шеги од типот на: Што е овца заврзана за бандера во Велс? Рекреационен центар. :)) Има и многу други, само што ќе стане PG-18 постов ако почнам со нив.
Доста за денес.. Утре пак. :)
1 comment:
Кул Ви се сликиве од Snowdonia.
Ме потсетуваат на Љуботен, Шар Планина, и општо на Македонија.
На една од фотките (нумеро 24 ако не се лажам) оние косооките те ставиле во сендвич. Пази се! ;)
Поздрав!
Post a Comment