Monday, October 09, 2006

Велкм ту д ЈуКеј

Ок дами и господа,
почнувајќи од денеска ке ја имате таа чест повторно да бидете жртви на радијација од изложување на моите монотони мисли. што ке реце, редчињата што следуваат ке бидат топ пикс од она што се случуваше претходната недела на вашиот драг јас. :)

Локација:
За оние кои што незнаат, моментално сум лоциран на земјината топка точно спроти едно островче 3000км далеку од Нов Зеланд, што ке реце South ensington, Лондон, во близина на Royal Albert Hall.
South Ken, збиралиште на богатите и маргинално познатите во Лондон, Imperial College London, збиралиште на генијалците и оние кои неможат да си најдат девојка, Лабораторија бр, 219, збиралиште на оние со картичка од Computing Department-от, и оние кои се сексаат со вратарката.. Јас имам картичка. :)

Прицина:
За оние кои не знаат, тука сум за да ја отворам првата македонска јавна куќа во Лондон, со јас како једино нешто на понуда првите 12 месеци. Само што, до сега имав доста клиентела која морав да ја одбијам ради неможност да добијам работна виза. Така да, решив да се запишам на Магистерски овдека да пополнам време. Империал, Msc Advanced Computing. Едногодишна магистратура, јас и едно 70 кинези на курсот :) Лажам малце, има и по некоја гркинка, некој шпанец и германец, ама воглавном се све луѓе од одбрани кинески провинции :)

Време:
Во constant state of flux. Лондонското време е наука сама за себе. Како главен претставник на множеството несреќи што можес да ги доживееш се истакнува Лондонскиот drizzle, мал дожд, ала роскање, кој што не е доволно јак за да всушност нешто намокри, ама е доволно јак за да те издепресира. :) На сеопшто (посебно мое) задоволство, се појавува и по некој сончев период.

Луѓе:
Цимерот ми е од Јапонија, професорот од Израел, ландлордот од Португалија, комшиката од Египет, колегата од Канада, продавачката во супермаркетот од Брикстон, а фризерот од с.Малевишта, Дебарско. Светот во мало, кога ке влезеш во бус, помала е шансата да чуеш UK англиски од тоа да чуеш кинески, бангладешки или шпанскоталијански :) Изнимно занимливо.

Пристигнување:
Моето доагјање тука беше нормално претходено од моето заминување од Скопје, кое пак беше претходено од една супер (бар јас така мислам :) ) журка кај мене дома. Само уште Дуди да донесесе 40 столици. :) Фала им на сите што присустуваа за феноменалната атмосфера, посебно на тие што донесоа поклони (другите да си знаете за следниот пат :))). Нотабле евентс немаше многу, со исклучок на келнерот кој ме начека мамурен и ме опељеси 3.5 еур на београдски аеродром за еден свежо (во претходните 3 дена) направен омлет; плавата млада сисата медицинска сестра (читај бабата со више празни места во устата него заби) чиј што преглед за среќа го избегнав; одбацуванјето од факултетот до местото кај што живеам, кое се испостави дека со 46кг не е и толку блиску. Среќа сто изгледав како да испуштам душа па едно freshman-че од Newcastle се смилува и ме праша дали сум ок, па ми помогна. :) ; Првата
саботна вецер, и лечење на уморот со шетање низ Лестер Сквер, Сохо и Kамден.. Се на се, асално пројден ден. )

Толку за сега, за дешаванките од првата недела, зачленуванјето во cheese admirers society, д џез клаб најт, , компјутеризираната теретана, и слични глупости, во следниот пост. :)

Let your mind wander.

5 comments:

Anonymous said...

Пријатен престој друже, читам добро ти почнало.

Продолжи така, и обавестувај почесто :)

GoodBytes said...

А, браво, и убаво да си поминеш таму.

Anonymous said...

This is incorrect:
Let your mind wander

Correct:
Let your mind wonder.

Unknown said...

Така ти мислиш :)

Anonymous said...

Дај стави видео, да ти ги пуљиме комшиите. ;)
Убаво да си поминеш таму на север.