Saturday, June 24, 2006

Куманово, град на културата? I think not.

16.00. Скопска Автобуска Станица, Перон 15. Автобусот не е таму, ама затоа е една пезетка од која некој чиче истовара фрижидер ветеран од втора светска војна.

Автобусот дојде, влеговме и тамам да здивнам дека нема гужва, мајсторот наш мил почна да застанува на секоја бандера прибирајќи ги оние кои немаат намера да платат перонска карта, со краен резултат сцена од типот на оние автобуси во Етиопија или Индија кои имаат патници дури и на кровот.

Нејсе. Стигнавме како-така Куманово. Не нагостија во Actuelle, едно кафанче со доста солидна храна, и уште посолидни цени, и така среќни и задоволни хоризонтално ги дружевме клупите во ближното паркче.

По набавката во Тинекс, следеа гротескните 2 часа чекање автобус (еден од петте кои циркулираа на релација Куманово-Кокино), само за да на секој автобус настане турканица од огромни размери. Навистина несериозно за некоја организација во име на град што претендира да се нарече Град на Културата 2006. Начув некој странец на кој му рекле дека вреди да се види Кокино жалејќи се на домаќините преку мобилен како не може да припари до автобус од гужва. Па после ќе се рекламираме на CNN. Ние тргнавме во 21.30 откако со MI6 методи успеавме да насетиме дека се приближува уште еден од ветените празни автобуси, оставајќи поголема група несреќници во надеж дека денес утре ќе стигнат на Кокино.

Околу концертот. Стринг Форсиз ги пропуштивме. Бодан направи супер интимно доживување со мелодиите од новиот албум. Единствено нешто друго што ми остави впечаток беа Летечки Пекинезери кои за жал беа лошо тајмирани; наутро наместо да ја подрасонат публиката, со нивната алтернатив-џез музика уште толку ја успаа.

Околу Кокино. Се качивме на карпата. На сред качување ни ги изгасија рефлекторите без никакво предупредување, оставајќи не да се снаоѓаме како знаеме и умееме. Уште еден огромен минус. Многу културно.

Се на се, убаво поминав и задоволен сум. Оние кои го организираа целото случување не треба да бидат.

2 comments:

Anonymous said...

Интересна организација, тоа со автобусите особено. Ама да бидам искрен, не сум изненаден уопште.
Пред неколку години бев во Турција на одмор. Се запрепастив од организираноста на турците. Очекував да се многу многу поназад и многу попримитивни од она што испадна дека се. Капак на целиот тој одличен впечаток за одличната организираност на турците беше автобусот со кој си одев. Автобусот требаше да дојде во 06:49, и дојде во 06:49. Се крстев.

Anonymous said...

te achei!! mas nao entendo nada!! heheheh!
kisses, lili.