Thursday, June 08, 2006

Мобимак, нивните муштерии и по некој ред

Незнам кој ѓавол ме натера денес да припарам во продавницата на Мобимак во ГТЦ, и да си играм хај-тек општество со кликање на она црвенион монитор што го имаат поставено на влезот. Имав проблеми со активирање на услугата 200/200 (говорниот автомат упорно тврдеше дека не ми е дозволена), а и онака имав пола саат фазла простор, па си реков ај може ќе каже некој нешто паметно. Кликнав на `дополнителни услуги`, добив ливче со добитна комбинација 31, при што пишуваше дека имало 16 луѓе кои чекале пред мене, и тогаш почна мојата голгота.

На дисплејот по некоја случајност поставен точно позади мене, за што требаше да кривам врат на секои пет секунди, се редеа бројки од редот на дваесетките, за одеднаш да го скокнат мојот триескец и продолжат од 34 па натака. Видно збунет (изразот на лицето ми беше како на оние кутри несреќници кои оние уште покутри новинари ги фаќаат од заседа на сред плоштад), си продолжив да чекам.
Пола час поскасно, си отидов.

Е сега. Овие системи за чекање со бројче се корисни од причина што корисникот знае колку луѓе има пред него и соодветно на тоа си калкулира дали се исплати да чека или не. Функционираат на ФИФО принцип, и всушност целиот тој проблем на распоредување на луѓе е дури израснат во научен правец.

Клучната грешка на Мобимак (оној кој го планирал системот) е тоа што одредиле посебни луѓе за различни работи (пост-пејд, при-пејд, услуги, итн.), што е банално, бидејќи работата е толку едноставна, да и едно од оние шимпанза врз кои се вршат испитувања би можело да заврши работа. Така да, се остава простор да одредени групи на корисници зависат од агилноста на шалтерскиот работник. Да не зборуваме за тоа што нема никој кој би ве пречекал на влез (инфо шалтер), за да ги објасни опциите и начинот на кој треба да пристапите кон апаратот.

Се на се, ефикасноста е чиста нула, а задоволството на корисникот дури и оди во минус.

Само направете споредба системот на Маркс&Спаркс во UK, кој има копчиња за избор машки и женски глас кој ти кажува каде се наоѓа најблиската каса каде што би можел да платиш. :)

1 comment:

Anonymous said...

ја мислев дека само во тетово персоналот е за никаде, а услугата катастрофа. :)