Го пишувам ова под импресии на една помината недела на семинар на Procter&Gamble насловен P&G Business Week 2006 одржан во Букурешт, Романија, средината на Април оваа година. P&G Business Week е годишен настан кој служи на компанијата како регрутна платформа. Повикани беа околу 30тина студенти од завршните години и постдипломци на факултети од балканските земји кои ги задоволуваат нивните критериуми.
Процесот на селекција се одвива во секоја земја поединечно. Преку онлајн апликацијата на страната на P&G Balkans се стигнува до нумерички тест чие успешно поминување ве носи на првото интервју. Интервјуата се докрај предизвикувачи и се базираат чисто на примери и случки од вашиот живот, било приватен или професионален. Од Македонија одат неколку претставници секоја година, и нивните искуства (како и моето) се навистина позитивни.
Тоа што прво ме зачуди беше како е исплатливо да една компанија троши цирка 1000€ по студент за спонзорство на учество на семинар без да очекува било каков начин на директен повраток на парите.
Уште првиот ден се ми стана јасно. Целиот семинар е всушност една голема маркетинг кампања за привлекување на успешни млади луѓе на работа во P&G. Основна цел беше да поделени по тимови, изработиме бизнис план за лансирање на нов продукт на пазар каде што P&G веќе пласира свој производ. Иако завеано под превезот на игра, се работеше жестоко и по 24h на ден. Морам да признаам дека до тогаш не сум бил во таква група на ултра-амбициозни и интелигентни луѓе од кои секој прошол по 2-3 интервјуа пред да биде селектиран за семинарот. Еве сега, 2 месеци покасно, половина од нив работат/имаат понуди за работа во централата во Романија, додека минатогодишната учесничка од Македонија веќе два месеци работи во P&G Македонија.
Инаку, P&G се изгласани за most admired company во својата индустриска гранка во САД во 2006. Структурата на компанијата е таква да луѓе се вработуваат само на најниските позиции и се остава да се докажат при што најуспешните грабаат напред. Ете, дури и тековниот CEO Алан Лафли e проктоид, како што интерно се викаат вработените во P&G. Ако мора да издвојам едно нешто од неделата помината таму, тоа е задоволството од менталитетот на фирмата и предизвикувачката работа кое сите вработени свесно и несвесно го проектираат.
Компанијата котира на NYSE и има сосема стабилен од на акциите, земајќи ги во предвид реструктуирањата кои се вршат по аквизицјата од $57 милијарди на Жилет. Standard & Poor's Equity Research тимот минатата недела по втор пат даде strong buy препорака за акциите на P&G навестувајќи дека се многу потценети.
Gillete, Pampers, Pringles, Ariel, Duracell, Always... што е следно?
No comments:
Post a Comment