Sunday, June 11, 2006

Национализмот, јас и светското во фудбал

Ивица во својата најнова колумна говори за национализмот, и вика:
Меѓутоа, Македонија никако не може да излезе од фатализмот на балканската глупост и балканскиот национализам.

Апсолутно. :) Секаде на друго место се излезени од балканскиот национализам и неговите глупости. Тајван еве објави дека ќе се соедини со браќата во Кина, Израелците конечно се решија да го дадат Ерусалим на Палестинците, Шиитите и Сунитите коалиционо заедно ќе копаат по нафта, Американците ќе им обезбедат влез во САД на сите Мексиканци што сакаат да им ги чистат вецињата, додека пак Англичаните решија да им ја дадат Северна Ирска како анекс на Ирците од републиката.
Не ми е јасно што има лошо во заедничката прослава на Илинден помеѓу Македонија и Бугарија

Убаво е кога се тоа гледа така како еден изолиран настан. Проблемот е да таквиот non curo однос се рефлектира понатаму во милион мали социјални сфери, кои немаат и толку многу допирни точки со фештите, јадењата и пиењата кои се случуваат на Илинден.
Другото изненедување повторно ми го понуди мојата Македонска православна црква, токму онаа црква каде што сум крстен, венчан и каде што пред некој ден си ја крстев и ќерката. Е, баш таа црква упорно ги навредува моите религиозни чувства со своето инсистирање за затвор и забрана на Јован Вранишковски и неговата организација.

Ова е сосема друга тема. МПЦ од своето банана-реформирање нема покажано никаков континуитет на ставови, ниту пак има изградено препознатливо лице во јавноста. Она што медиумите ги форсираат случувањата со Вранишковски е само приказ на тоа во која бедна состојба се наоѓа новинарството во државава.

Македонија стана самостојна држава, го промени системот од тоталитарен комунистички во либерално-демократски, а во последно време радикално се редефинира себеси од етнички македонска во европска граѓанска држава. Глобализацијата уште повеќе ги засили овие тенденции и ги релативизира нештата кои до вчера беа теми за живот и смрт.

Прашање е дали ги релативизира, или им даде на значај. Не многу одамна, огромно беше лобито на мини групациите од типот на Каталонците, Бретанците, Велшаните, кои активно ја поддржуваа политиката на ЕУ за локална акција и локална моќ. Со тоа надевајќи се дека со експоненцијалната децентрализација ќе добијат една ситуација каде ќе си ги земат битните (за нив) политички инструменти во свои раце, и самостојно ќе си го декларираат идентитетот.

За жал, сите овие случки не се преточија во редефинирање на македонскиот етнички идентитет и на граѓанскиот идентитет на државјаните на Македонија, па тој и натаму е заробен во својата лушпа од крајот на минатиот век. Така што сите оние што го креваат гласот за заштита на македонскиот етнички идентитет и за одбрана на граѓанскиот идентитет на државјаните на Македонија треба да ги прашаме како ги дефинираат овие идентитети пред да тргнат во нивна одбрана

Кој е и каков македонскиот етнички идентитет и граѓанскиот идентитет на државјаните на Македонија?

Битно ли е како се дефинирани? Прво треба да се одговори на прашањето дали воопшто може да се дефинираат. Сепак, историјата покажала дека за да една заедница функционира во овој наш свет на нација-држави, припадноста кон некаква си групација на луѓе со ист ментален склоп, иста историја и културен идентитет е многу битна, давајќи на јачина на целото општество.
Енциклопедијата на Станфорд вика:

The Argument From Flourishing. The ethno-national community is essential for each of its members to flourish. In particular, it is only within such a community that an individual can acquire concepts and values crucial for understanding the community's cultural life in general and one's own life in particular

И да, во еден совршен свет, национализмот би бил сигурно заборавен и отфрлен. Но за среќа, не живееме во совршен свет, па на една осамена единка, која во склоп на поголема група, било тоа семејство, град, држава или нација, си ги генерира критериумите за тоа што е успешен живот и кои се начините за сопствено исполнување, и треба некаков си веќе пре-генериран сет на идеали и вредности кои националистичкиот концепт на локална блискост ги обезбедува на згоден и достапен начин.

1 comment:

Anonymous said...

Fala Viktor, odamna ocekuvav nekoj od blogerite da go posoci ovoj jaz pomegu Gocevoto posakuvano pole za kulturen natprevar i svetskata realnost. Liberalizam bez realizam e idealizam. A idealizam bez realizm e futile endeavour.
pozdrav
kameleon