Saturday, June 17, 2006

Ние нив Илинден, они нас Гергана

Препорака: Зирнете ја емисијата Еднооки, оди на А1 секоја втора сабота навечер. Тоа е сатирична анимирана серија наменета да ве насмее карикирајќи ги личностите присутни во нашата каква таква јавност. Емисијата е во продукција на Контра Банда, при што еден од сценаристите е Ружица Пејовиќ, а главен цртач е Мичо Димитриевски.

Трите епизоди кои ги имам досега гледано се доста предизвикувачки; дечките стварно немаат влакна на јазикот, па ги проаѓаат сите тековни теми, од бананите и Илинденот на Бучко, до тоа како да изгубите 1500 калории со присуство на 3 штрајка по ред. Во минатите епизоди имаше и некоја тематска пародија на Господарот на прстените.

Еве што вика режисерот Борис Дамовски за Вест:

Најсмешни ни се авторитетите од сите области.. Се смееме со животов што не опкружува. Ова не е серија која дава одговори, само ги отвора сите прашања што заслужуваат одговор. Ги следиме сите случувања и ги коментираме сите настани. Самото име 'Контра банда' што во стар жаргон значи, шверц, зборува дека не интересираат темите за кои што другите не зборуваат

2 comments:

Anonymous said...

Емисијата е превулгарна. Според мене.

Anonymous said...

Кога би правел некоj добра авторска анимациjа,без политика...