Трите епизоди кои ги имам досега гледано се доста предизвикувачки; дечките стварно немаат влакна на јазикот, па ги проаѓаат сите тековни теми, од бананите и Илинденот на Бучко, до тоа како да изгубите 1500 калории со присуство на 3 штрајка по ред. Во минатите епизоди имаше и некоја тематска пародија на Господарот на прстените.
Еве што вика режисерот Борис Дамовски за Вест:
Најсмешни ни се авторитетите од сите области.. Се смееме со животов што не опкружува. Ова не е серија која дава одговори, само ги отвора сите прашања што заслужуваат одговор. Ги следиме сите случувања и ги коментираме сите настани. Самото име 'Контра банда' што во стар жаргон значи, шверц, зборува дека не интересираат темите за кои што другите не зборуваат
2 comments:
Емисијата е превулгарна. Според мене.
Кога би правел некоj добра авторска анимациjа,без политика...
Post a Comment