Следејќи го memе-от на македонската блогерска заедница, решив и јас да декларирам навивачка припадност на тековното светско првенство во Фудбал. Значи, навивам за O Seleção, тимот кој доаѓа од земјата на самбата, убавите мулатки, капоеирата и каипирињата, тимот кој фудбалот го има сведено на уметност и уживање.
Во Бразил, фудбалот е составен и неотуѓив дел од животот. Затоа, и фудбалот кој го играат е ист таков, полн со љубов, пасија и жед за убавина. Добар израз на тој менталитет е новата кампања на Најк насловена Joga Bonito (Играј Убаво). Има феноменални мајстории кои заслужуваат да се погледнат.
Eu sou brasileiro,
Com muito orgulho,
Com muito amor!
Vai Brasil!!!
No comments:
Post a Comment