До тогаш, најновата колумна на Г-динот Ваикнин се осврнува на проблемите на Македонската Берза. Во еден од пасусите тврди:
This, exactly, is the current situation in Macedonia : impossibly high interest rates coupled with exceedingly low savings. There is basic mistrust between clients and their banks. They prefer other ways of keeping their money.
Високите рати кои ги критикува Г-динот Вакнин се условени од патот кон ЕУ кој го зацртавме, и начин на одржување на стабилна инфлација. Околу тоа не можеме многу, за наша среќа не применуваме Аргентински методи на девалуација на денарот и забрзан раст кој in the long run е навистина погубен по економијата. Проблемот кој Г-динот Вакнин го идентификува коректно е недовербата кон нашите банки, нешто што не се исправа преку ноќ.
Како други проблеми ги идентификува корупцијата, недоволната граѓанска свест за слободниот пазар, компаниските олигарси кои менаџментот не наоѓа за сходно да ги смени, и она што мене најмногу ми боде очи (и за кое што планирам да напишам поголема статија), владеењето на правото:
But legislation without an effective judicial and law enforcement systems is like a stock exchange without money. To enforce property rights in Macedonia takes ages and even then the outcome is not certain. Laws, regulations are in their embryonic stage and some of them seem to have had an abortion: they were hastily and unwisely copied verbatim from legal codices of other countries (Germany, Britain).
На крај, се истакнува конзервативноста на Македонскиот пазар, со одбивањето на нови финансиски инструменти, пред зе поради крајната неедуцираност на нашите финансиски институции и неоддржливоста на тргувањето со истите без соодветни познавања од нивно имплементирање и менаџирање на ризикот:
The typical capital market comprises state bonds and corporate stocks. In Macedonia for instance, the Securities Law actually allows for the issuance of corporate bonds and even for financial instruments such as short selling and options. But, because of the low level of general knowledge as well as the phase of development of the market, these instruments are not in place. Nobody is even willing to ask, or to do something to expand the range of tradable securities, which may be the most frightening thing. This leaves serious portfolio investors with very little flexibility and it may be the principal determinant of how these markets will develop in the mid term, and especially in the long term.
Најтопло ви препорачувам да ја разгледате целата статија, можеби и ќе научите нешто ново за Македонската Берза.
PS. Во најновиот број на Esquire има фотки од Kate Beckinsale. :)
3 comments:
фино постче.
1. што е “нугаторни“?
2. како мислиш нема вести на македонски јазик? и што подразбираш под вести - ако не мислиш на информации и факти, него на ставови и коментари, сега по најново се издава macеdonian daily news -издание на форум (значи seavus), колку знам наменето за странците во мкд, и наводно, сеуште нема сајт.
3.за на англиски, ќе те упатам на crossroads, издание на МНР- главна мана му е што е владино штиво. за не-владино - Форум аналитика, а и евродијалог, за кои додуша сеа ме мрзи да станам и да проверам дали имаат енг верзија.
4.на економски теми, истражувања и слично -од неколкуте мкд тинк тенкови, исто така неколку вадат рисрчи и на англиски.
5.сем вакнин, напротив, прилично е следен во мкд јавност, ако поради ништо друго , а оно дека му е поранешен советник на премиерот, а сега го критикува. неодамна имаше подолго интервју со него. во текстот кој го коментираш не би рекла дека открил топла вода, многумина и од појак маштраф од него ги изнесуваат истите тези - она што боде очи е што тешко се изнесуваат решенија за истите.
6. мислам дека странската јавност (читај потенцијалните инвеститори)за проверени информации нема да се упатат ни кај вакнин, а ни кај нашиот оглас во економист (кој најмногу може да биде фин тригер за акција). ќе се упатат во своите амбасади, комори или би (мулти)латерални форуми за соработка, се разбира доколку такви постојат во земјата. втора влеча би била засилената агенција за стр. инвестиции, иако ефектите од нејзиното работење допрва треба да следат, и оттука, да се анализираат. министрите за инвестиции нема да ги искоментирам. инцидентните приватни дилови (што од патриотизам, што од провизии), исто така.
сепак, го чекаме текстот за rule of law. поздрав. :)
1. Без влијание на подолг рок
2. Ставови и коментари, да. :) Најдов http://www.maknews.com/index.html кое што е доста интересно.
3. Ќе зирнам, па ке пишам што мислам
4. Имаме тинк тенкови? И откога ќе ми одговориш, размисли дали се повеќе тинк или тенк, нели според она кое го креирале или изјавиле :))
5. Точно, текстов е за поширока јавност, со негативна конотација но ете скроз држи до реалноста. Бтњ, како што знам, ова му се некои стари текстови кои ги ре-објавува, за да има што да им читаат ретките луѓе кои го посетуваат порталот им.
6. Па да. И не. :) Фирма која решава дали да гради фабрика тука или еве рецимо во албанија, постапува на ист начин на кој што ја постапувам кога ми се свиѓаат две женски па незнам која да ја дружам за подолго. Прво, ќе одиме на официјална вечера со двете, па што биде таму биде (спореди со официјални контакти преку агенција за инвестиции), па ќе ја прашам најдобрата другарка што мисли (амбасади и инфо-служби), и на крај ќе им го извоајерирам профилот на фејсбук (ака. убав дата-мининг на сите чланоци на/за потенцијалната земја каде би инвестирал). Така да се има свој удел, иако многу малку земји имаат амбасади во мкд кои можат да дадат добар фидбек назад во своите земји, што ќе рече не сме само ние со лошо опремени амбасади, understaffed i undereducated.
Е така. Баш ми е мило што бар некој ги чита глупостиве што ги пишувам :))
Прво, ќе одиме на официјална вечера со двете, па што биде таму биде (спореди со официјални контакти преку агенција за инвестиции), па ќе ја прашам најдобрата другарка што мисли (амбасади и инфо-служби), и на крај ќе им го извоајерирам профилот на фејсбук (ака. убав дата-мининг на сите чланоци на/за потенцијалната земја каде би инвестирал).
ах, аналогијава има толку методолошки погрешки и слепи ќошеви, али ми е многу симпатична :)) . тек чекам каква аналогија би направил за да го објасниш владеењето на правото во мкд (те молам стај го фејсбук за референтност :)).
поздрав. добро блогче, стварно
Post a Comment