16.00. Скопска Автобуска Станица, Перон 15. Автобусот не е таму, ама затоа е една пезетка од која некој чиче истовара фрижидер ветеран од втора светска војна.
Автобусот дојде, влеговме и тамам да здивнам дека нема гужва, мајсторот наш мил почна да застанува на секоја бандера прибирајќи ги оние кои немаат намера да платат перонска карта, со краен резултат сцена од типот на оние автобуси во Етиопија или Индија кои имаат патници дури и на кровот.
Нејсе. Стигнавме како-така Куманово. Не нагостија во Actuelle, едно кафанче со доста солидна храна, и уште посолидни цени, и така среќни и задоволни хоризонтално ги дружевме клупите во ближното паркче.
По набавката во Тинекс, следеа гротескните 2 часа чекање автобус (еден од петте кои циркулираа на релација Куманово-Кокино), само за да на секој автобус настане турканица од огромни размери. Навистина несериозно за некоја организација во име на град што претендира да се нарече Град на Културата 2006. Начув некој странец на кој му рекле дека вреди да се види Кокино жалејќи се на домаќините преку мобилен како не може да припари до автобус од гужва. Па после ќе се рекламираме на CNN. Ние тргнавме во 21.30 откако со MI6 методи успеавме да насетиме дека се приближува уште еден од ветените празни автобуси, оставајќи поголема група несреќници во надеж дека денес утре ќе стигнат на Кокино.
Околу концертот. Стринг Форсиз ги пропуштивме. Бодан направи супер интимно доживување со мелодиите од новиот албум. Единствено нешто друго што ми остави впечаток беа Летечки Пекинезери кои за жал беа лошо тајмирани; наутро наместо да ја подрасонат публиката, со нивната алтернатив-џез музика уште толку ја успаа.
Околу Кокино. Се качивме на карпата. На сред качување ни ги изгасија рефлекторите без никакво предупредување, оставајќи не да се снаоѓаме како знаеме и умееме. Уште еден огромен минус. Многу културно.
Се на се, убаво поминав и задоволен сум. Оние кои го организираа целото случување не треба да бидат.
Мој сопствен мал дел од матриксот каде ќе ги објавувам моите еготрипови на тема дигитални технологии, AI, макроекономија, политика, меѓународни односи, а богами и лесни општествени теми од типот на медиумски трачарања, бразилски газиња, раноутрински мисли..
Saturday, June 24, 2006
Thursday, June 22, 2006
Секс, дрога, и леб&сол
Надвор врне, а мене ми е посебно жал што не стигнав да си го купам оној Nikon F80 со некоја убава теле леќа.
Како и да е, се надевам дека утре во Кокино ќе биде подобро времето и ќе ни дозволи да се расположиме како што треба. Да не го заборавам и preExit фестот задутре на лизгалиште.
Она што всушност сакав да го кажам беше дека Леб и Сол имаат концерт во Хераклеа на 1ви Јули (доколку не ви го кажале тоа досега спамерите од Авалон). Од Плагиј.ат:
Ќе ги слушам по прв пат во живо. Очекувам убав концерт.

Составот: Стефановски - Арсовски - Димушевски и Тавитјан ќе пробаат (ќе видиме дали ќе успеат) да потсетат на "старите добри времиња" кога во продавниците за плочи ширум бившите југословенски простори се водеше дилемата Queen или Леб и Сол!
Ќе ги слушам по прв пат во живо. Очекувам убав концерт.
Wednesday, June 21, 2006
За (не)исплатените хонорари и скршените сништа
Работа = Пари? Тешко..
Така Вуна кажува како пишувал колумни за Неделно Време. Истото го правеа и Букаро и Би.
Морам да признаам дека одвоив побајаги време денеска и ги почитав колумните на нашите 3 МБЗ wannabe колумнисти, и општиот позадински впечаток ми е дека не сум задоволен. Да, има по некој генијален текст, но колумните оставаат впечаток на некое набилдано блог коментарче. Се приметува неизграденост на стил (со изземање на Букаро :)), диспаритет на последователните мисли, а богами и чисто верглање без да се каже ништо.
Значи, се случува да весникот им раскине верност, и веднаш сето тоа добива пропорции на онa дот-ком меурче од пред некое време. Се пишуваат поплаки, коментари, поддршки, зајадливости. МБЗ живна во една про/анти коментарска војна. Во изминативе неколку дена, има и повеќе тангенти од надворешни сеирџо-блогери. :)
Филип пишува за козата на комшијата, а Панта реи кажува дека:
Е мој драг МБЗ колега, Некои луѓе упорно забораваат дека клучна работа во случајов, покрај тоа што нема ништо нецивилизирано во начинот на кој била прекината соработката, е дека луѓето пишуваа без договор каде што пишува до кој датум треба да им се исплатат средствата.
А за оние медиокритети и конформисти, па нели тоа се оние црно-бели печатени будалаштини. Јас мислев дека овој бран на њу медиа треба да биде излез од сето тоа. Донеси ги луѓето онлајн, па нека си ги филтрираат вестите. Вестите, не колумните.
Анти вика:
Не се слагам. Нема тука две опции, требаат двете нешта заедно. Да, треба да си било каков пацов, не мора кабинетски, може кошаркарски, може археолошки, мора да имаш огромно искуство и да знаеш да пристапиш кој која било идеја аналитички. Еве, земете го овој мој блог за пример. Ќе се забележи дека критички осврт има многу малку. Е зошто? Затоа што јас можам да давам критики за она што го знам, a не на секоја нафрлена тема која ќе ми текне да ја објавам. Од еден успешен колумнист се очекува тој да биде во центарот на нештата кои ги објаснува (било тоа политика, економија, наука, порно-индустрија) и да знае да ги анализира логички тезите кои ќе ги нафрли.
Би во својот пост на револт кажува:
Точно е дека не ги следат трендовите. Кога може Лондоски Гардиан на својата втора страна да дава пресек на скорешните блогови на UK-тангирачки теми, зошто не би можел и некој квазивесник од типот на оние кои се публикуваат кај нас. Но таму, не се викаат блогери да пишуваат колумни, туку се вметнуваат извадоци од она што веќе било публикувано онлајн.
Најубав одговор, а богами и сублимат на овие мои 10мин. пишување дава Дарко кога кажува дека "Едноставно блогер и колумнист не може заедно". Сосема точно.
Место крај. Изразувам поддршка за засегнатите блогери и жалење што целава оваа епизода се случи. Нека ви послужи како уште едно искуство кое ќе ве направи посилни.
Се надевам дека ќе ве читам во блог ќошето на некој наш дневен весник многу скоро. А до тогаш, имате во мене верен онлајн читател.
Да пишуваш шо кур ти дојде на памет, и притоа да не ти цензурираат ништо, во неделен весник, е јако. Немам друг збор, јако е стварно. Нула цензура, слобода на израз, милина. Плус, темата е апсолутно слободна.. шо да посака човек повеќе? Дури и рокот стално го кршев..
Така Вуна кажува како пишувал колумни за Неделно Време. Истото го правеа и Букаро и Би.
Морам да признаам дека одвоив побајаги време денеска и ги почитав колумните на нашите 3 МБЗ wannabe колумнисти, и општиот позадински впечаток ми е дека не сум задоволен. Да, има по некој генијален текст, но колумните оставаат впечаток на некое набилдано блог коментарче. Се приметува неизграденост на стил (со изземање на Букаро :)), диспаритет на последователните мисли, а богами и чисто верглање без да се каже ништо.
Значи, се случува да весникот им раскине верност, и веднаш сето тоа добива пропорции на онa дот-ком меурче од пред некое време. Се пишуваат поплаки, коментари, поддршки, зајадливости. МБЗ живна во една про/анти коментарска војна. Во изминативе неколку дена, има и повеќе тангенти од надворешни сеирџо-блогери. :)
Филип пишува за козата на комшијата, а Панта реи кажува дека:
Некои луѓе упорно забораваат дека клучна работа во случајов, покрај тоа што новата концепција го враќа весникот Време во шините на веќе одамна здосадената политика (иако не треба да одиме НАЗАД), е дека луѓето пишуваа за пари кои не им се исплатени и дека на крајно нецивилизиран начин ја прекинуваат соработката и комуникацијата со нив.
Е мој драг МБЗ колега, Некои луѓе упорно забораваат дека клучна работа во случајов, покрај тоа што нема ништо нецивилизирано во начинот на кој била прекината соработката, е дека луѓето пишуваа без договор каде што пишува до кој датум треба да им се исплатат средствата.
А за оние медиокритети и конформисти, па нели тоа се оние црно-бели печатени будалаштини. Јас мислев дека овој бран на њу медиа треба да биде излез од сето тоа. Донеси ги луѓето онлајн, па нека си ги филтрираат вестите. Вестите, не колумните.
Анти вика:
Пишувањето колумни е специфичен жанр - е и не е новинарство. За да се пишуваат добри колумни не треба само да се биде кабинетски пацов - треба и истражувања од секаков вид. Друга опција е да имаш големо искуство.
Не се слагам. Нема тука две опции, требаат двете нешта заедно. Да, треба да си било каков пацов, не мора кабинетски, може кошаркарски, може археолошки, мора да имаш огромно искуство и да знаеш да пристапиш кој која било идеја аналитички. Еве, земете го овој мој блог за пример. Ќе се забележи дека критички осврт има многу малку. Е зошто? Затоа што јас можам да давам критики за она што го знам, a не на секоја нафрлена тема која ќе ми текне да ја објавам. Од еден успешен колумнист се очекува тој да биде во центарот на нештата кои ги објаснува (било тоа политика, економија, наука, порно-индустрија) и да знае да ги анализира логички тезите кои ќе ги нафрли.
Би во својот пост на револт кажува:
Е па ето имаат нов уредник, и бидејќи нас, блогерите, не сметаат за нешто безначајно, нешто како деца што играат во играчница иако цел свет има сосем поинаков однос, не отпуштија. Но не навлегувам во тоа, пишав еднаш колку нашите новинари се информатички неписмени, а очигледно воопшто не ги следат трендовите во светот.
Точно е дека не ги следат трендовите. Кога може Лондоски Гардиан на својата втора страна да дава пресек на скорешните блогови на UK-тангирачки теми, зошто не би можел и некој квазивесник од типот на оние кои се публикуваат кај нас. Но таму, не се викаат блогери да пишуваат колумни, туку се вметнуваат извадоци од она што веќе било публикувано онлајн.
Најубав одговор, а богами и сублимат на овие мои 10мин. пишување дава Дарко кога кажува дека "Едноставно блогер и колумнист не може заедно". Сосема точно.
Место крај. Изразувам поддршка за засегнатите блогери и жалење што целава оваа епизода се случи. Нека ви послужи како уште едно искуство кое ќе ве направи посилни.
Се надевам дека ќе ве читам во блог ќошето на некој наш дневен весник многу скоро. А до тогаш, имате во мене верен онлајн читател.
Monday, June 19, 2006
Скопје радост ти ќе бидеш (лекции по урбанизација)
Филип се осврнува на урбанизацијата и граѓанизацијата како тема на последниот пост на Ивица Боцевски.
Коинцидентно, пред некој ден и UN-HABITAT програмата го публикуваше своајот State of the World's Cities 2006/7 извештај:
Еве како сето тоа изгледа во Chongqing, еден ден низ големиот мегалополис во режија на репортерot на Гардијан, Џонатан Вотс:
Тексот е едно феноменално четиво кое најтопло ви го препорачувам. Авторот ги расчепкува влијанијата на мега-градот и хипер-урбанизацијата врз поедини социјални темплејти.
Значи. Година 2050. Седиште на ОГ (Обетинети Градови, формиран 2046, по распадот на ОН). New Yorkers, Paulistanos, Londoners, Chilangos, ... Скопјани? :)
Коинцидентно, пред некој ден и UN-HABITAT програмата го публикуваше своајот State of the World's Cities 2006/7 извештај:
This is a time when the world is entering a historic urban transition; in 2007, for the first time in history, the world’s urban population will exceed the rural population.
The urban phenomenon of this century will be megacities, high-density metropolises of more than 10 million
inhabitants. As hubs of trade, culture, information and industry, they will be vested with such power that at many
levels they will act as city states that are independent of national and regional mediation.
Еве како сето тоа изгледа во Chongqing, еден ден низ големиот мегалополис во режија на репортерot на Гардијан, Џонатан Вотс:
As people move off the land and into the sky, they produce less and consume more. In theory, they become socialised and civilised. In practice, they spend more time shopping and eating junk food. A nearby shopping centre, home to Kentucky Fried Chicken, could almost belong to any city on earth: pedestrianised streets, boutiques and fast-food outlets, a giant screen blaring out pop jingle ads, a monorail train running overhead. There are even police girls on roller skates, the latest must-have security accessory.
Тексот е едно феноменално четиво кое најтопло ви го препорачувам. Авторот ги расчепкува влијанијата на мега-градот и хипер-урбанизацијата врз поедини социјални темплејти.
Значи. Година 2050. Седиште на ОГ (Обетинети Градови, формиран 2046, по распадот на ОН). New Yorkers, Paulistanos, Londoners, Chilangos, ... Скопјани? :)
Чао Нокиа, чао Сименс, добредојде Нокиа-Сименс
Уште еден неочекуван потег на пазарот на мобилни уреди. Nokia Corp. и Siemens AG вчера објавија соединување. Гардиан вели:
Финците и Германците кажуваат дека се очекуваат заштеди од €1.5bn годишно до 2010, и отпуштање на до 15% од вработените во следните четири години.
Во Вашингтон пост, CEO-то на Сименс Olli-Pekka Kallasvuo:
Инаку акциите на Сименс рипнаa 8.18% во Франкфурт завршувајќи на €67.83, додека Нокиа исто забележа скок од 4.22% на €16.29.
Официјалното соопштение за медиуми на сајтот на Нокиа овде.
The joint venture, to be called Nokia Siemens Networks, will have annual revenues of €15.8bn and compete with the industry leader, Cisco Systems, and the newly merged Alcatel-Lucent.
Финците и Германците кажуваат дека се очекуваат заштеди од €1.5bn годишно до 2010, и отпуштање на до 15% од вработените во следните четири години.
Во Вашингтон пост, CEO-то на Сименс Olli-Pekka Kallasvuo:
"We believe the partnership with Siemens is the most effective way to build the scale and broad product portfolio necessary to compete globally and create value for shareholders"
Инаку акциите на Сименс рипнаa 8.18% во Франкфурт завршувајќи на €67.83, додека Нокиа исто забележа скок од 4.22% на €16.29.
Официјалното соопштение за медиуми на сајтот на Нокиа овде.
Saturday, June 17, 2006
Ние нив Илинден, они нас Гергана
Препорака: Зирнете ја емисијата Еднооки, оди на А1 секоја втора сабота навечер. Тоа е сатирична анимирана серија наменета да ве насмее карикирајќи ги личностите присутни во нашата каква таква јавност. Емисијата е во продукција на Контра Банда, при што еден од сценаристите е Ружица Пејовиќ, а главен цртач е Мичо Димитриевски.
Трите епизоди кои ги имам досега гледано се доста предизвикувачки; дечките стварно немаат влакна на јазикот, па ги проаѓаат сите тековни теми, од бананите и Илинденот на Бучко, до тоа како да изгубите 1500 калории со присуство на 3 штрајка по ред. Во минатите епизоди имаше и некоја тематска пародија на Господарот на прстените.
Еве што вика режисерот Борис Дамовски за Вест:

Најсмешни ни се авторитетите од сите области.. Се смееме со животов што не опкружува. Ова не е серија која дава одговори, само ги отвора сите прашања што заслужуваат одговор. Ги следиме сите случувања и ги коментираме сите настани. Самото име 'Контра банда' што во стар жаргон значи, шверц, зборува дека не интересираат темите за кои што другите не зборуваат
Фудбал vs. Глобализација
Financial Times има една доста интересна сторија за глобализацијата во фудбалот. Авторот расправа дека огромните трансфери и неприсуството на домашни играчи во силните првенствени лиги, уште повеќе го зголемува football divide растојанието. Она што Алан Бити го заклучува е дека:
Дава идеја дека е потребно да се воведе salary cap по теркот на северно-американските професионални спортски лиги, сето тоа за спречување на креирање на суперзвезда тимови од типот на Челзи и Реал Мадрид.
Even more surprising is that national team tournaments such as the World Cup may impede football globalisation rather than advance it.
Дава идеја дека е потребно да се воведе salary cap по теркот на северно-американските професионални спортски лиги, сето тоа за спречување на креирање на суперзвезда тимови од типот на Челзи и Реал Мадрид.
Football pioneered the migration of games from folk pastimes to commercial spectator sports. Globalisation is taking it yet further. But it has not yet finished the journey, and the game’s authorities are fighting to preserve football as an expression of local and national identity rather than just another soulless consumer product.
Friday, June 16, 2006
Светот на Математиката на едно место
Фон Нојман рекол: "In mathematics you don't understand things. You just get used to them." A за да разбереме што е она на кое треба да се навикнеме, од голема помош би била една интересна енциклопедија. MathWorld е баш она што им треба на сите вљубеници во математиката, а богами и на по некој студент кој баш сега нашле да го нервираат со испитот по некаква си Статистика, Алгебра или онака лаички, Математика.
Креирана од Ерик Вајштајн, а спонзорирана од Волфрам Рисрч, MathWorld содржи илјадници чланоци кои покриваат голем опсег на математички теми. Страната е единствената голема (да не кажам сеопфатна) математичка содржина, која иако не функционира на вики принцип, прима корекции и нови додавања од читателите.
Тука ќе најдете шарен спектар на теми, почнувајќи од најважните досега нерешени проблеми, до инвентивни начини како да поделите пица, како да го запамтите бројот Pi до 30 децимали, а за оние кои сакаат да и спуштаат звезди на девојката, тука е и равенката за 3Д Срце.
Така да, што би рекол Тоше, Ве сите.

Thursday, June 15, 2006
Интернет за сите, барем во ЕУ
На минатонеделната ICT конференција на Европската Комисија, покрај Ирак и згодните Швеѓанки, една од главните теми на разговор беше Интернет. Што ќе рече, 11ти до 13ти Јуни беше одржана е-Inclusion конференцијата на која присуствуваа министри од 34 Европски земји, меѓу кои и Македонија. А таму беше постигнато следново:
Кај нас во медиумите не се спомна ништо за ова, а баш ме интересира кој од нашите бил. И онака би било убаво да се пофалат сега пред избори. На страницата на Минстерството за Транспорт и Врски нема ама баш ништо ново од минативе два месеци. Изгледа немале интернет па неможеле да прочитаат за конференцијата.
Целиот текст на министерската декларација го има овде[pdf]
A pan-European drive to use information and communication technologies to help people to overcome economic, social, educational, territorial or disability-related disadvantages was endorsed by ministers of 34 European countries. "e-Inclusion" targets include halving the gap in internet usage by groups at risk of exclusion, boosting broadband coverage in Europe to at least 90%, and making all public web sites accessible by 2010.
Кај нас во медиумите не се спомна ништо за ова, а баш ме интересира кој од нашите бил. И онака би било убаво да се пофалат сега пред избори. На страницата на Минстерството за Транспорт и Врски нема ама баш ништо ново од минативе два месеци. Изгледа немале интернет па неможеле да прочитаат за конференцијата.
Целиот текст на министерската декларација го има овде[pdf]
Wednesday, June 14, 2006
Вилијам Проктер и Џејмс Гембл, 200 години подоцна
Го пишувам ова под импресии на една помината недела на семинар на Procter&Gamble насловен P&G Business Week 2006 одржан во Букурешт, Романија, средината на Април оваа година. P&G Business Week е годишен настан кој служи на компанијата како регрутна платформа. Повикани беа околу 30тина студенти од завршните години и постдипломци на факултети од балканските земји кои ги задоволуваат нивните критериуми.
Процесот на селекција се одвива во секоја земја поединечно. Преку онлајн апликацијата на страната на P&G Balkans се стигнува до нумерички тест чие успешно поминување ве носи на првото интервју. Интервјуата се докрај предизвикувачи и се базираат чисто на примери и случки од вашиот живот, било приватен или професионален. Од Македонија одат неколку претставници секоја година, и нивните искуства (како и моето) се навистина позитивни.
Тоа што прво ме зачуди беше како е исплатливо да една компанија троши цирка 1000€ по студент за спонзорство на учество на семинар без да очекува било каков начин на директен повраток на парите.
Уште првиот ден се ми стана јасно. Целиот семинар е всушност една голема маркетинг кампања за привлекување на успешни млади луѓе на работа во P&G. Основна цел беше да поделени по тимови, изработиме бизнис план за лансирање на нов продукт на пазар каде што P&G веќе пласира свој производ. Иако завеано под превезот на игра, се работеше жестоко и по 24h на ден. Морам да признаам дека до тогаш не сум бил во таква група на ултра-амбициозни и интелигентни луѓе од кои секој прошол по 2-3 интервјуа пред да биде селектиран за семинарот. Еве сега, 2 месеци покасно, половина од нив работат/имаат понуди за работа во централата во Романија, додека минатогодишната учесничка од Македонија веќе два месеци работи во P&G Македонија.
Инаку, P&G се изгласани за most admired company во својата индустриска гранка во САД во 2006. Структурата на компанијата е таква да луѓе се вработуваат само на најниските позиции и се остава да се докажат при што најуспешните грабаат напред. Ете, дури и тековниот CEO Алан Лафли e проктоид, како што интерно се викаат вработените во P&G. Ако мора да издвојам едно нешто од неделата помината таму, тоа е задоволството од менталитетот на фирмата и предизвикувачката работа кое сите вработени свесно и несвесно го проектираат.
Компанијата котира на NYSE и има сосема стабилен од на акциите, земајќи ги во предвид реструктуирањата кои се вршат по аквизицјата од $57 милијарди на Жилет. Standard & Poor's Equity Research тимот минатата недела по втор пат даде strong buy препорака за акциите на P&G навестувајќи дека се многу потценети.
Gillete, Pampers, Pringles, Ariel, Duracell, Always... што е следно?

Tuesday, June 13, 2006
Назад во иднината, или напред беше..?
Пред некој месец играјќи си со StumbleUpon (за ова во некој нареден пост), налетав на еден интересен сајт, кој сеуште ми стои во букмаркс. FutureMe ќе ја зачува вашата порака кон самите себеси и ќе ви ја прати на е-пошта на датумот кој ќе го изберете, било тоа два дена, или дваесет години покасно. Искрено, паметам дека си пишав нешто, и едвам чекам да видам кои тривијални глупости ми го окупирале мозокот една година наназад.
А за скриените воајеристи во вас, на сајтот има и избор од мејловите чиишто газди дозволиле да бидат јавно достапни. Еве некои од поинтересните што ги видов:
Така да, трк до FutureMe, и напишете си ги желбите, стравовите, љубовите и се она што ви лежи на срце, па кога некој заборавен ден во иднината ќе ви стигне е-пошта од самите себеси, верувам дека пријатно ќе се изненадите.
А за скриените воајеристи во вас, на сајтот има и избор од мејловите чиишто газди дозволиле да бидат јавно достапни. Еве некои од поинтересните што ги видов:
Dear FutureMe, Well It's officically 2007... and you had better have done something good with your life by now!
Dear FutureMe,Did I marry her?
Dear FutureMe, well if im reading this it means ive managed to stave off the suicidal tendencies for another year.
Така да, трк до FutureMe, и напишете си ги желбите, стравовите, љубовите и се она што ви лежи на срце, па кога некој заборавен ден во иднината ќе ви стигне е-пошта од самите себеси, верувам дека пријатно ќе се изненадите.
Нов број на Блесок, дури 48-ми
Излезе 48миот број на двојазичното списание Блесок, како по обичај обезбедувајќи ни една плетора на проза, поезија, критика и малку музика. Плагиј.ат тоа го кажуваат подобро од мене, па видете го нивниот пост. Сликчето горе е од феноменалната серија на Дарко Мораитов, а делов подоле од една песна на Волја Гапеева, и двете дела содржани во новиот Блесок.
со јазикот протнат
низ иглените уши на твоите усни
врз мојот папок впишуваш
монограм
Збогум Југославија
Вашингтон Тајмс има коментар на последната фаза на распадот на Југославија, давајќи еден преглед на Project Yugoslavia, како што го нарекуваат тоа делче историја на балканот. Она што мене ми фати око беше смелоста на авторот (Jeffrey T. Kuhner) да го напише ова:
Не е ни чудо што веќе никој не го чита весников. Колумните во последно време почнуваат да им шетаат политички лево-десно.
Yet the greatest mass murderer was Josip Broz Tito. His communist Partisans succeeded in re-establishing Yugoslavia in 1945, however, only as a Leninist totalitarian state built upon the corpses of hundreds of thousands of victims -- Croatians, ethnic Germans, Hungarians, Serbs, Slovenes, Albanians, Muslims and Montenegrins.
Не е ни чудо што веќе никој не го чита весников. Колумните во последно време почнуваат да им шетаат политички лево-десно.
Monday, June 12, 2006
Бразил и фудбалската уметност
Следејќи го memе-от на македонската блогерска заедница, решив и јас да декларирам навивачка припадност на тековното светско првенство во Фудбал. Значи, навивам за O Seleção, тимот кој доаѓа од земјата на самбата, убавите мулатки, капоеирата и каипирињата, тимот кој фудбалот го има сведено на уметност и уживање.
Во Бразил, фудбалот е составен и неотуѓив дел од животот. Затоа, и фудбалот кој го играат е ист таков, полн со љубов, пасија и жед за убавина. Добар израз на тој менталитет е новата кампања на Најк насловена Joga Bonito (Играј Убаво). Има феноменални мајстории кои заслужуваат да се погледнат.
Eu sou brasileiro,
Com muito orgulho,
Com muito amor!
Vai Brasil!!!

Sunday, June 11, 2006
Национализмот, јас и светското во фудбал
Ивица во својата најнова колумна говори за национализмот, и вика:
Апсолутно. :) Секаде на друго место се излезени од балканскиот национализам и неговите глупости. Тајван еве објави дека ќе се соедини со браќата во Кина, Израелците конечно се решија да го дадат Ерусалим на Палестинците, Шиитите и Сунитите коалиционо заедно ќе копаат по нафта, Американците ќе им обезбедат влез во САД на сите Мексиканци што сакаат да им ги чистат вецињата, додека пак Англичаните решија да им ја дадат Северна Ирска како анекс на Ирците од републиката.
Убаво е кога се тоа гледа така како еден изолиран настан. Проблемот е да таквиот non curo однос се рефлектира понатаму во милион мали социјални сфери, кои немаат и толку многу допирни точки со фештите, јадењата и пиењата кои се случуваат на Илинден.
Ова е сосема друга тема. МПЦ од своето банана-реформирање нема покажано никаков континуитет на ставови, ниту пак има изградено препознатливо лице во јавноста. Она што медиумите ги форсираат случувањата со Вранишковски е само приказ на тоа во која бедна состојба се наоѓа новинарството во државава.
Прашање е дали ги релативизира, или им даде на значај. Не многу одамна, огромно беше лобито на мини групациите од типот на Каталонците, Бретанците, Велшаните, кои активно ја поддржуваа политиката на ЕУ за локална акција и локална моќ. Со тоа надевајќи се дека со експоненцијалната децентрализација ќе добијат една ситуација каде ќе си ги земат битните (за нив) политички инструменти во свои раце, и самостојно ќе си го декларираат идентитетот.
Битно ли е како се дефинирани? Прво треба да се одговори на прашањето дали воопшто може да се дефинираат. Сепак, историјата покажала дека за да една заедница функционира во овој наш свет на нација-држави, припадноста кон некаква си групација на луѓе со ист ментален склоп, иста историја и културен идентитет е многу битна, давајќи на јачина на целото општество.
Енциклопедијата на Станфорд вика:
И да, во еден совршен свет, национализмот би бил сигурно заборавен и отфрлен. Но за среќа, не живееме во совршен свет, па на една осамена единка, која во склоп на поголема група, било тоа семејство, град, држава или нација, си ги генерира критериумите за тоа што е успешен живот и кои се начините за сопствено исполнување, и треба некаков си веќе пре-генериран сет на идеали и вредности кои националистичкиот концепт на локална блискост ги обезбедува на згоден и достапен начин.
Меѓутоа, Македонија никако не може да излезе од фатализмот на балканската глупост и балканскиот национализам.
Апсолутно. :) Секаде на друго место се излезени од балканскиот национализам и неговите глупости. Тајван еве објави дека ќе се соедини со браќата во Кина, Израелците конечно се решија да го дадат Ерусалим на Палестинците, Шиитите и Сунитите коалиционо заедно ќе копаат по нафта, Американците ќе им обезбедат влез во САД на сите Мексиканци што сакаат да им ги чистат вецињата, додека пак Англичаните решија да им ја дадат Северна Ирска како анекс на Ирците од републиката.
Не ми е јасно што има лошо во заедничката прослава на Илинден помеѓу Македонија и Бугарија
Убаво е кога се тоа гледа така како еден изолиран настан. Проблемот е да таквиот non curo однос се рефлектира понатаму во милион мали социјални сфери, кои немаат и толку многу допирни точки со фештите, јадењата и пиењата кои се случуваат на Илинден.
Другото изненедување повторно ми го понуди мојата Македонска православна црква, токму онаа црква каде што сум крстен, венчан и каде што пред некој ден си ја крстев и ќерката. Е, баш таа црква упорно ги навредува моите религиозни чувства со своето инсистирање за затвор и забрана на Јован Вранишковски и неговата организација.
Ова е сосема друга тема. МПЦ од своето банана-реформирање нема покажано никаков континуитет на ставови, ниту пак има изградено препознатливо лице во јавноста. Она што медиумите ги форсираат случувањата со Вранишковски е само приказ на тоа во која бедна состојба се наоѓа новинарството во државава.
Македонија стана самостојна држава, го промени системот од тоталитарен комунистички во либерално-демократски, а во последно време радикално се редефинира себеси од етнички македонска во европска граѓанска држава. Глобализацијата уште повеќе ги засили овие тенденции и ги релативизира нештата кои до вчера беа теми за живот и смрт.
Прашање е дали ги релативизира, или им даде на значај. Не многу одамна, огромно беше лобито на мини групациите од типот на Каталонците, Бретанците, Велшаните, кои активно ја поддржуваа политиката на ЕУ за локална акција и локална моќ. Со тоа надевајќи се дека со експоненцијалната децентрализација ќе добијат една ситуација каде ќе си ги земат битните (за нив) политички инструменти во свои раце, и самостојно ќе си го декларираат идентитетот.
За жал, сите овие случки не се преточија во редефинирање на македонскиот етнички идентитет и на граѓанскиот идентитет на државјаните на Македонија, па тој и натаму е заробен во својата лушпа од крајот на минатиот век. Така што сите оние што го креваат гласот за заштита на македонскиот етнички идентитет и за одбрана на граѓанскиот идентитет на државјаните на Македонија треба да ги прашаме како ги дефинираат овие идентитети пред да тргнат во нивна одбрана
Кој е и каков македонскиот етнички идентитет и граѓанскиот идентитет на државјаните на Македонија?
Битно ли е како се дефинирани? Прво треба да се одговори на прашањето дали воопшто може да се дефинираат. Сепак, историјата покажала дека за да една заедница функционира во овој наш свет на нација-држави, припадноста кон некаква си групација на луѓе со ист ментален склоп, иста историја и културен идентитет е многу битна, давајќи на јачина на целото општество.
Енциклопедијата на Станфорд вика:
The Argument From Flourishing. The ethno-national community is essential for each of its members to flourish. In particular, it is only within such a community that an individual can acquire concepts and values crucial for understanding the community's cultural life in general and one's own life in particular
И да, во еден совршен свет, национализмот би бил сигурно заборавен и отфрлен. Но за среќа, не живееме во совршен свет, па на една осамена единка, која во склоп на поголема група, било тоа семејство, град, држава или нација, си ги генерира критериумите за тоа што е успешен живот и кои се начините за сопствено исполнување, и треба некаков си веќе пре-генериран сет на идеали и вредности кои националистичкиот концепт на локална блискост ги обезбедува на згоден и достапен начин.
Friday, June 09, 2006
Рипнаа каматните стапки на ЕЦБ
Европската Централна Банка ги покачи есконтните каматни стапки за четврт процент, и сега изнесуваат 2,75%, со најава за скорешни нови покачувања. Ова е се со цел за одржување на целта на ЕЦБ за годишна инфлација од 2% во земјите членки. NY Times вика:
Не е исклучена и можноста за посериозни интервенции, причинети од годишната инфлација од 2,5% постигната во Мај во 12те членки на еврозоната.
Како резултат на ова покачување, индексите на скоро сите берзи во Европа и Азија се во пад.
As inflation has picked up in both Europe and the United States, global stock markets retreated over much of the past month amid fears that central banks would have to squeeze growth by raising interest rates above a "neutral" level that neither promoted nor curbed growth.
Не е исклучена и можноста за посериозни интервенции, причинети од годишната инфлација од 2,5% постигната во Мај во 12те членки на еврозоната.
Како резултат на ова покачување, индексите на скоро сите берзи во Европа и Азија се во пад.
Thursday, June 08, 2006
Мобимак, нивните муштерии и по некој ред
Незнам кој ѓавол ме натера денес да припарам во продавницата на Мобимак во ГТЦ, и да си играм хај-тек општество со кликање на она црвенион монитор што го имаат поставено на влезот. Имав проблеми со активирање на услугата 200/200 (говорниот автомат упорно тврдеше дека не ми е дозволена), а и онака имав пола саат фазла простор, па си реков ај може ќе каже некој нешто паметно. Кликнав на `дополнителни услуги`, добив ливче со добитна комбинација 31, при што пишуваше дека имало 16 луѓе кои чекале пред мене, и тогаш почна мојата голгота.
На дисплејот по некоја случајност поставен точно позади мене, за што требаше да кривам врат на секои пет секунди, се редеа бројки од редот на дваесетките, за одеднаш да го скокнат мојот триескец и продолжат од 34 па натака. Видно збунет (изразот на лицето ми беше како на оние кутри несреќници кои оние уште покутри новинари ги фаќаат од заседа на сред плоштад), си продолжив да чекам.
Пола час поскасно, си отидов.
Е сега. Овие системи за чекање со бројче се корисни од причина што корисникот знае колку луѓе има пред него и соодветно на тоа си калкулира дали се исплати да чека или не. Функционираат на ФИФО принцип, и всушност целиот тој проблем на распоредување на луѓе е дури израснат во научен правец.
Клучната грешка на Мобимак (оној кој го планирал системот) е тоа што одредиле посебни луѓе за различни работи (пост-пејд, при-пејд, услуги, итн.), што е банално, бидејќи работата е толку едноставна, да и едно од оние шимпанза врз кои се вршат испитувања би можело да заврши работа. Така да, се остава простор да одредени групи на корисници зависат од агилноста на шалтерскиот работник. Да не зборуваме за тоа што нема никој кој би ве пречекал на влез (инфо шалтер), за да ги објасни опциите и начинот на кој треба да пристапите кон апаратот.
Се на се, ефикасноста е чиста нула, а задоволството на корисникот дури и оди во минус.
Само направете споредба системот на Маркс&Спаркс во UK, кој има копчиња за избор машки и женски глас кој ти кажува каде се наоѓа најблиската каса каде што би можел да платиш. :)

Wednesday, June 07, 2006
Лав и хепинес
Вино, дрога, пиво, екс, табла, кока, спид... Феноменална визуелна шетанција на BBC низ светот на психоактивните супстанци.
Аксиоми
Едно малку постаро текстче на Дејвид Хофман, колумнистот на Правда, неколку мисли околу политичката моќ, кукавичлукот, и онаа грмушка од претседател на САД.
One of the most odious lessons of the Iraqi war is that the level of one's jingoistic “bravery” and bellicosity is inversely proportionate to the prospect of one being personally placed into combat situations. The build-up and early days of this war saw politicians, entertainers, and pundits, who never served in combat themselves, hawking (and continuing to hawk) the invasion of Iraq from the safety of office buildings, and recording or television studios, even as America's youth continued to die.
Sunday, June 04, 2006
Њу медиа
Да бидам искрен, она што мене ме натера да го почнам ова чудо од блог беше една серија написи во The Economist на тема New Media.
Е сега, линкот погоре води кон главната приказна, а во десното ќоше има едно купче линкови кој написите од серијата кои поединечно таргерираат специфични теми: блогови, викија, метаверси, социјални мрежи, подкастови, и преку тоа ги испитуваат нивните влијанија на постоечките медиумски компании и на општеството воопшто.
Споредбите кои ги прави уредникот се навистина интересни, при што ја споредува револуцијата која ја креирала "Movable Type" машината на Гутенберг, со екот кој овие нови медиуми на општа партиципација ќе го направат врз општеството.
Текстот открива дека дури 57% од тинејџерите во САД создаваат содржини за на Интернет, текстови, слики, видеа и музика.
Дојде време за популизам во медиумите. Let the revolution begin.

These two incarnations of movable type make convenient (and very approximate) historical book-ends. They bracket the era of mass media that is familiar to everybody today. The second Movable Type, however, also marks the beginning of a very gradual transition to a new era, which might be called the age of personal or participatory media.
Текстот открива дека дури 57% од тинејџерите во САД создаваат содржини за на Интернет, текстови, слики, видеа и музика.
Дојде време за популизам во медиумите. Let the revolution begin.
Saturday, June 03, 2006
Оркут
Во ред. Гугл срчот и Блогер ги знаеме. Она што во нашава мила државичка ретко кој го знае е Оркут. Тоа е социјална мрежа на интернет во сопственост на Гугл. Креирано од инжинерот на Гугл по име Оркут, одеднаш зема голем замав во Бразил, од каде што и се околу 70% од корисниците во моментов. Така да, доколку сакате да се спријателите со некоја Бразилка, се што е потребно е да отворите сметка на Оркут, и да оставите еден скреп (scrap) на некое лично моме. Има и по некој македонец колку да не сме ич; во групата Macedoniа има 70тина членови. Толку за Оркут, во наредните постови ќе пробам да пишам по нешто и за Мај Спејс, Френдстер, Фотолог и сличните.
Бај д веј, ако некој сака покана за на Оркут нека остави коментар.
Бај д веј, ако некој сака покана за на Оркут нека остави коментар.
Еден чекор поблиску до сеопшта глобализација
И бидна. NYSE се спои со Еуронекст, со тоа создавајќи ја првата трансатлантска берза. Седиштето на компанијата ќе биде во Њујорк, додека бизнисот со деривативи на Еуронекст ќе остане базиран во Лондон. Сето ова има долгосежни последици врз светските берзански трендови, кои притиснати од ова спојување, ќе мораат да одговорат брзо или ќе ризикуваат да останат каскајќи позади. Лондонски Индепендент многу логично оценува дека LSE изгледа конечно ќе попуштат на иницијативите на NASDAQ.
Analysts believe the Frankfurt and London stock exchanges risk becoming isolated by the wave of consolidation, and the London Stock Exchange could be forced into a marriage with the US technology exchange Nasdaq.
Роденден
Епа ај нека ми е среќен роденденот. Отидов сега да си легнам, а вие читнете што вика Intelligent Life за спиењето :)
Лека ноќ.
The eight-hours mantra has no more scientific basis than the tooth fairy, says Neil Stanley, head of sleep research at the Human Psychopharmacology Research Unit at the University of Surrey in Britain. He believes that everyone has their own individual “sleep need” which can be anywhere between three and 11 hours. “If you’re a three-hour-a-night person, you need three; if you're 11, you need 11.” To find out, he says, simply sleep until you wake naturally, without the aid of an alarm clock. Feel rested? That’s your sleep need.
Лека ноќ.
Subscribe to:
Posts (Atom)