Sunday, June 04, 2006

Њу медиа

Да бидам искрен, она што мене ме натера да го почнам ова чудо од блог беше една серија написи во The Economist на тема New Media.

Е сега, линкот погоре води кон главната приказна, а во десното ќоше има едно купче линкови кој написите од серијата кои поединечно таргерираат специфични теми: блогови, викија, метаверси, социјални мрежи, подкастови, и преку тоа ги испитуваат нивните влијанија на постоечките медиумски компании и на општеството воопшто.

Споредбите кои ги прави уредникот се навистина интересни, при што ја споредува револуцијата која ја креирала "Movable Type" машината на Гутенберг, со екот кој овие нови медиуми на општа партиципација ќе го направат врз општеството.

These two incarnations of movable type make convenient (and very approximate) historical book-ends. They bracket the era of mass media that is familiar to everybody today. The second Movable Type, however, also marks the beginning of a very gradual transition to a new era, which might be called the age of personal or participatory media.


Текстот открива дека дури 57% од тинејџерите во САД создаваат содржини за на Интернет, текстови, слики, видеа и музика.
Дојде време за популизам во медиумите. Let the revolution begin.

1 comment:

GoodBytes said...

Навистина, vox populi концептот никогаш не бил повеќе жив отколку сега. Интернет ја доживува својата втора револуција.